Тудор го напушта Лацио после само два месеци?

Игор Тудор би можел да го напушти кормилото на Лацио, само два месеци откако го презеде. Причината за заминувањето не се постигнатите резултати, со оглед дека со Лацио напради подвиг, и успеа да го внесе тимот во Европа, надополнувајќи ја негативата од осум бода од позицијата која водеше во Лигата ан конференции.

Како што се наведува во италијанските медиуми, намерата на клубот е Хрватот да остане, и од него има желба, но се почесто играчите креваат бунт против тренерот. Така на пример играчот од средниот ред Матео Гендузи сака да си замине токму поради Тудор.

Исто така се споменуваат и летните желби на Тудор, екипата да се засили на сите полиња, но прашање е дали клубот може да му обезбеди. Ако не се најде заеднички јазик, тогаш лесно би можело Хрватот да има само кратка епизода во тимот од Рим.

Се ќе биде познато на следниот состанок кога една од точките ќе биде токму и иднината на Хрватот.

Се вчитува...