Роналдо со два гола испиша историја

Кристијано Роналдо во голем стил ја заврши својата прва сезона во Саудиска Арабија, откако го сруши рекордот по бројот на постигнати голови во една сезона. Во мечот во последното коло во првенството, Ал Наср го победи Ал Итихад со 4-2, а Роналдо постигна два гола, со што дојде до рекордни 35 гола во сезоната.

Претходниот рекорд го држеше мароканскиот напаѓач на Ал Наср, Абдеразак Хамдалах кој постигна 34 гола во сезоната 2018/19.

Тој сега стана првиот играч со титулата најдобар стрелец во четири различни првенства: Англија, Шпанија, Италија и Саудиска Арабија.

Се вчитува...