Кошаркарите на Далас не успеаја да ја завршат финалната серија на Западот на домашен терен, бидејќи беа поразени од Минесота со 105:100 и сега се со 3:1 во серијата, која се сели во Минеаполис.
Најдобриот кошаркар на Маверикс Лука Дончиќ се обвини себеси за поразот.
„ Јас сум виновен за поразот. Едноставно не дадов доволно енергија “, кратко објасни Дончиќ, а потоа додаде:
„ Победија еден натпревар. Наше е да се концентрираме на следниот “, рече Словенецот, кој имаше трипл-дабл со 28 поени, 15 скока и 10 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА