Џошуа Кимих веќе подолго време е на мета на Барселона , но како што стојат работите во моментов, тој трансфер нема да се случи. Имено, Деко , спортскиот директор на каталонскиот тим, направи детален извештај за германскиот играч и заклучи дека неговиот ангажман ќе предизвика значителни тензии во соблекувалната на Барселона.
Кимих беше многу посакуван од Чави , но и по неговото заминување Каталонците останаа заинтересирани за негово доведување, а со оглед на тоа што Ханси Флик веќе работеше со него, логично беше интересот да продолжи. Сепак, Кимих веќе одби една понуда, незадоволен од финансиските услови, а сега Деко во својот извештај посочи две големи замки за негово доведување.
Пред се, тука е фактот дека Барселона, поради непочитување на правилата за финансиски фер-плеј на шпанската лига, мора да заработи барем исто толку пари колку што има намера да потроши на засилувања, па прашањето за компензација за секое потпишување е значајно. Баерн бара отштета од околу 60 милиони евра, па Каталонците би морале да продадат некого за истата сума. Втората е што добиле информации дека Германецот би можел да биде темпирана „бомба“ во соблекувалната, што би можело да доведе до големи проблеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

