Протекоа инсајдерски информации од таборот на Ѓоковиќ: Лошиот старт на сезоната се должи на…

Шампионката на Вимблдон од 2013 година, Марион Бартоли откри наводни инсајдерски информации од тимот на Новак Ѓоковиќ кој го објаснуваат неговиот лош старт на сезоната.

Ѓоковиќ во 2024 година досега нема ниту еден освоен турнир, а сега се надева на успех на Ролан Гарос.

„Имав среќа да разговарав со еден од неговите членови на тимот пред почетокот на Ролан Гарос. Најголемиот негов проблем во моментов е што како да губи соодветна мотивација за натпревар. Има денови кога се будел со активна мотивација, но има денови кога сака да биде со својата сопруга, со своите деца, да ги води на училиште, да води нормален живот, да биде на плажа, да ужива… И ништо друго не го интересира. Тој во моментов осцилира меѓу овие две емоции и затоа е некогаш целосно отсутен од теренот“ – вели Бартоли и дополнува:

„Еден од неговите тренери ми кажа дека мечот во Рим воопшто не сакал да го игра. А, на тренинг ден претходно бил одличен. Јас и тоа како разбирам дека и овие големите шампиони исто така имаат човечки емоции. И тие се најголемиот проблем за одржување на константа во успехот“.

Се вчитува...