Почна „сапуницата“: ПСЖ не му дава плата на Мбапе?

Почнува сапунацата на релација ПСЖ – Мбапе. Тимот наводно не му дал плата на играчот за месец април, тврди „Л’Екип“. Ова наводно се должи на фактот дека Мбапе одби нов договор од тимот од Париз, и најверојатно ќе оди во Реал Мадрид.

Клубот исто така го навел фактот дека напаѓачот одиграл само 11 од последните 21 натпревари за тимот од главниот град.

Според новинарот Демин Дегор, на тој начин ПСЖ се обидува да заштеди сума од 80 милиони евра. Исто така тврди дека адвокатите во моментов кројат точно на кој начин играчот ќе го напушти клубот.

Се вчитува...