Ди Марија оди кај Меси и Суарез во Интер Мајами!

Искусниот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија во јуни го завршува договорот со Бенфика. Но, и тоа како тоа не значи крај на кариерата за Ди Марија кој има нова понуда која тешко може да се одбие.

Аргентинецот има понуда да заигра заедно со два великани на светскиот фудбал, Лионел Меси и Луис Суарез во редовите на Интер Мајами во МЛС лигата.

Наводно, Ди Марија веќе ги договорил условите со тимот од Мајами, а останати се уште детали. Како варијанта во моментов се две сценарија. Ди Марија уште во јуни да оди во Интер Мајами, или тоа да биде во јануари 2025 година, а до тогаш да настапува за аргентински Росарио.

Се вчитува...