Заминувањето на Килијан Мбапе отвара нов лист во историјата на ПСЖ. Раководството на парискиот тим се помири со фактот дека ќе остане без услгите на својот најдобар фудбалер и веќе ја започна потрагата по нови ангажмани кои во следните години треба да ја реализираат најголемата зацртана цел – освојување на Лигата на Шампиони.
Но, за разика од минатото кога францускиот тим целеше на ангажман на ѕвезди како Лионел Меси и Нејмар, кои за краток период не успеаја да направат разлика, овој пат целта е ангажман на млади фудбалери кои можат да придонесат на клубот на долги стази.
Во тој поглед високо на листата на желби се јавува грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија. Наполи за услугите на 23-годишникот бара од 100 до 120 милиони евра, сума која Французите нема да имаат проблем да ја платат.
Кварацхелија го засили Наполи летото 2022 година за 13.3 милиони евра и оттогаш се наметна како еден од најдобрите фудбалери во неаполскиот тим постигнувајќи 25 голови и 26 асистенции на 88 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА