Португалскиот репрезентативец, Мигуел Пинто е најново засилување на Вардар за новата натпреварувачка сезона.
25-годишниот Пинто потпиша двегодишен договор со „вардарци“ до јуни 2026 година. Игра на позицијата десно крило, и во Вардар пристигнува од редовите на Агуас Сантас во Португалија. Сезонава на 27 натпревари има постигнато 73 гола.
Пинто е на поширокиот список на репрезентацијата на Португалија, и има и два настапи за А репрезентацијата на Португалија. Минатата година играше во квалификациите за ЕП 2024 и тоа против Луксембург и против Турција. На двата натпревари даде вкупно 11 гола за Португалија. Има настапувано и за тимовите до 20 и до 21 година на Португалија на ЕП 2018 и СП 2019 година.
Вардар вчера го промовираше и левиот бек Дмитро Горига (26) од Украина како засилување за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА