Македонската А репрезентација продолжува со подготовките за пријателските натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове), одржувајќи го денешниот попладневен тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Познато е дека селекцијата ќе биде ослабена со неиграњето на капитенот Енис Барди кој отпадна поради повреда, а денеска на тренинзите се приклучија Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Јани Атанасов.
Mакедонските репрезентативци во одлична атмосфера продолжуваат со тренинзите пред заминувањето за Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА