Ѓорческа поразена во осминафиналето во Оточец

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот во словенечкиот Оточец.

Тетовчанката во осминафиналето на турнирот вреден 50.000 американски долари загуби од Полјачката, Маја Чвалинска (244. тенисерка на ВТА листата) со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 7-6.

Ѓорческа катастрофално го отвори мечот, па во првиот сет не успеа да освои ниту еден гем против Полјачката. Во вториот сет Лина одигра далеку подобро, но немаше сила за ништо повеќе од тоа да го одведе сетот само во тај-брејк кој на крајот го загуби со 7-3.

Се вчитува...