Рудигер: Крос заминува, Модриќ е тука, но сметам дека јас можам да бидам лидер на Реал

Тони Крос ја завршува играчката кариера по еврото и по финалето од Лигата на шампионите повеќе нема да игра за Реал Мадрид.

Со заминувањето на Крос, Реал останува без еден од менторите за младите играчи.

„Тони Крос се пензионира, малку му остана на Лука Модриќ… Имаш 31 година. Дали мислите дека сте лидер на новата генерација на Реал?“, го праша новинарот на „Ел Мундо“, стоперот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, по што Германецот даде интересен одговор.

„Се доаѓа до својот крај. За жал, на Тони сега му дојде крајот. Многу ќе ни недостига бидејќи е уникатен и незаменлив играч. Модриќ е сè уште тука и игра многу добро. Тука се и ветераните Лукас Васкез, Начо, Карвахал… Но, да. Се гледам себеси како лидер на тимот. Јас не сум водач на големи зборови, туку на дела“, изјави Рудигер.

Се вчитува...