Лука Јовиќ минатата сезона пристигна во тимот на Милан, а престојот на „Сан Сиро“ ќе го продолжи за уште една година.
Милан бара вистинска реконструкција на тимот за следната сезона, а тоа значи особено нападот, каде во дресот на „росонерите“ повеќе нема да биде Оливие Жиру кој го напушти тимот.
Челниците на клубот решија да почнат да бараат нови решенија за позицијата шпиц, а задачата нема да биде воопшто лесна, бидејќи тешко ќе се најде играч од таков калибар како Жиру.
Прва желба на Милан е Зиркзе, кој имаше одлична сезона во Болоња, со која избори пласман во Лигата на шампионите. На тимот од „Сан сиро“ нема да му биде лесно да го доведе Зиркзе, но ќе пробаат се што е во нивна моќ.
Секако, важно е дека Лука Јовиќ во следната натпреварувачка година ќе ја извршува должноста резервен напаѓач во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА