Хорхе Мартин следната сезона на Дукати

Италијанските медиуми пренесуваат дека Хорхе Мартин наместо Енеа Бастианини ќе се пресели во фабриката на Дукати и дека соработката ќе започне во 2025 година. Се уште се чека потврда на таа информација.

Мартин пред две недели славеше на трката за Големата награда на Франција, а на главната трка оствари триумф по прославата и во спринтот. Шпанецот на тој начин ја забележа втората победа сезонава.

Од тимот најавија дека ваквата одлука не треба да се официјализира до крајот на неделата, но со оглед на тоа дека шпекулациите се зголемуваат, Дукати сепак би можел да се огласи и порано.

Хорхе Мартин е лидер сезонава во Мото ГП шампионатот и е на добар пат да стигне до првата титула во „кралската класа“.

Се вчитува...