Белгискиот стратег Винеснет Компани вечера официјално беше промовиран како прв тренер на германскиот гигнат Баерн Минхен, а од новата функција денеска прв пат говореше за медиумите.
Младиот тренер најави како сака да игра неговиот тим, агресивно и храбро во секој момент од натпреварот.
„Сакам играчите на Баерн да бидат храбри на топка, да имаат особеност. Сакам тимот да биде агресивен, да ги претставува тие две работи. Се надевам дека тој спој ќе го применуваат на секој момент од секој натпревар засекогаш“, изјави Комапни.
За Компани ова е трет ангажман на тренерско место. Првиот го имаше во Андерлехт, а претходните две сезони ги помина во Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА