Познат е буџетот кој ќе го има новиот тренер на Милан

Калчолигашот Милан по пет години ќе добие нов тренер. Стефано Пиоли со крајот на сезоната замина од „жешкото столче“ на клубот од „Сан Сиро“, а и покрај тоа што се уште не е официјализирана неговата замена која се очекува да биде Португалецот Пауло Фонсека, италијанските медиуми откриваат колкав буџет ќе има новиот стратег.

Сумата со која ќе располага следниот тренер ќе биде 100 милиони евра, сума која треба да биде искористена за ангажман на четири фудбалери по еден напаѓач, стопер, бек и дефанзивен играч за врска.

Раководството на тимот веќе има и две трансфер цели. Тоа се Јусуф Фофана од Монако кој би ги чинел „росонерите“ 25 милиони евра и холандскиот напаѓач на Болоња, Џошуа Зиркзе кој е хит на сезоната во Италија со 12 голови и седум асистенции.

Се вчитува...