Ѓоковиќ лесно преку Шпанецот Баена до 3. коло на Ролан Гарос

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми се пласираше во 3. коло на Ролан Горас совладувајќи го во втората рунда натпревари Шпанецот Роберто Карбаљес Баена.

Ѓоковиќ, кој е бранител на пехарот во Париз, славеше во три сета со 6-4, 6-1 и 6-2. Ова беше трет дуел на двајцата тенисери досега во кариерите, и трета победа на српскиот тенисер.

Претходно, како што е познато, Новак го победи и Французинот Пјер-Иго Ербер, исто така во три сета.

Се вчитува...