Младинците на Македонија ЃП се освојувачи на трофејот во Купот на Македонија (ВИДЕО)

Младинците на Македонија ЃП се освојувачи на трофејот во Купот на Македонија откако во денешното финале кое се играше во Кичево триумфираа против Пелистер со 2-0.

„Лавовите“ сосема заслужено дојдоа до пехарот со подобра игра во второто полувреме кога беа постигнати двата гола.

По израмнетиот прв дел без премногу возбудувања, Македонија ЃП до водство од 1-0 дојде веднаш на стартот од второто полувреме кога во 48. минута стрелаше Алтин Алији, по претходниот продор на Љатифи по десната страна.

Во 75. минута беше исклучен голманот на Пелистер поради интервенција со рака надвор од својот шеснаесетник, откако претходно битолчани бараа пенал во акција која претходеше на исклучувањето. Па, со играч повеќе Македонија ЃП ја осигура победата од 2-0 со голот на Величковски во 83. минута.

Сениорскиот тим на Македонија ЃП сезонава ја напушти Првата лига, но младинците со своите игри низ изминативе девет месеци јасно потврдија дека и тоа како има иднина во тимот.

Се вчитува...