Германците ќе поделат по 400.000 евра премија ако го освојат ЕП

Германските фудбалери ќе добијат награда од по 400.000 евра доколку ја освојат европската титула на домашен терен, пренесуваат германските медиуми. 

Тоа е еднакво на најголемата парична награда што германската федерација ја вети на играчите за победа на големо натпреварување, бидејќи истите бонуси веќе им беа ветени на играчите за ЕУРО 2021 и Светското првенство во 2022 година.

Но, Германија на ЕП се пласираше само во осминафиналето, а на СП дури и заглави во групната фаза, па средствата останаа во касата на федерацијата.
Договорот за премиите е постигнат по преговорите во тимот, кој од играчите го предводат Илкај Гундоган, додека Андреас Ретиг е од извршниот директор на синдикатот.
Само за потсетување дека за освоениот пехар на Мундијалот во 2014 година, Германците добија по 300.000 евра премија.

Се вчитува...