По 13 години, Далас ќе игра финале во НБА лигата откако славеше синоќа против Минесота со 124-103 за 4-1 во серијата, благодарение на новата феноменална партија на Лука Дончиќ. Во големото финалето, во битката за титулата, Далас ќе се соочи со екипата на Бостон.
Лука со 36 поени, 10 скока и пет асистенции на синоќешниот натпревар го доби и МВП признанието за финалната серија со Минесота. Ирвинг исто така беше одличен завршувајќи го мечот со 36 поени, четири скока и пет асистенции.
Првиот меч од оваа големото финале меѓу Далас и Бостон се игра на 6/7. јуни, во обидот Лука Дончиќ првпат во својата кариера да дојде до шампионскиот прстен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

