Белами е наследник на Компани во Барнли

Легендарниот велшки фудбалер Крег Белами ќе го наследи Винсен Компани на клупата на Барнли по неговото заминување во Баерн Минхен.

Англиските медиуми пренесуваат дека Белами е само преодно решение за клупата на Барнли, кој сезонава испадна од Премиерлигата.

Од Барнли информираат дека активно бараат трајно решение на тренерската функција, а во меѓувреме го поставија Белами да се грижи за екипата. Поранешниот фудбалер на Ливерпул му беше асистент на Компани во двата претходни клуба во кои работеше Белгиецот, Андерлехт и Барнли.

Скот Паркер и Френк Лампард се на врвот на листата кандидати за нов менаџер на Барнли.

Се вчитува...