Барселона се одлучи да се раздели со Чави Ернандес, веќе промовирајќи го Ханси Флик како свој нов тренер за следната сезона.
Добар дел од фудбалската јавност во Шпанија изнесе свое мислење околу промената на тренерската функција во каталонскиот тим, а сега со став се појави и тренерот на лутиот ривал Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
„Ништо чудно, сето тоа е дел од нашата тренерска работа. Објективно, Чави секако ќе биде малку изнервиран од тоа што се случи, затоа што тоа е првпат да биде отпуштен, но со текот на времето верувам тоа ќе го сфати како дел од работата. Кога нема добри односи меѓу клубот и тренерот, тогаш најдобро решение е разделбата“ – вели Анчелоти и дополнува:
„Јас сум сосема навикнат на сето тоа, затоа што сум го доживеал многу пати. И во Наполи, Баерн Минхен, Челси… Подобро е да се разделиме отколку да се уништуваме. И оваа разделба мислам дека ќе биде добро и за Чави, а можеби и за Барселона“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА