Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати не ја исклучува можноста повторно да има удел во клубот. Како што е познато, „Нероаѕурите “пред една недела преминаа во рацете на американскиот „Oaktree“, но Морати продолжува да следи се што е поврзано со клубот и е подготвен повторно да се обиде да стане дел од управата.
79-годишниот Морати беше сопственик на Интер од 1995 до 2013 година, и затоа време инвестираше 1,5 милијарди евра. Во негово време тимот од Милано освои 5 титули во Италија, и по четири титули во Купот и во Супер-Купот на Италија. Тимот ја освои и Лигата на шампионите во 2010 година.
„Нема да биде лесно, но не би го отфрлил како опција. Можеби. Мојата сопруга секоја вечер ме прашува дали сум го купил Интер и постојано морам да измислувам нови изговори зошто не сум. Да се биде дел од Интер е голема одговорност, нашите деца се големи навивачи, никогаш не сум помислил дека јас би можел да бидам претседател на клубот еден ден “, рече Морати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА