Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, призна дека во изминатите неколку недели добил бројни понуди од Премиер лигата.
Италијанецот стана хит откако со Аталанта ја освои Лигата на Европа, а патем ги победи Ливерпул, Спортинг Лисабон и Баер Леверкузен.
„Во изминатите неколку недели добив неколку добри понуди од Премиер лигата. Но, сега не можам да прифатам да ја напуштам Италија. Се чувствувам одлично и ја планирам иднината со Аталанта“, изјави Гасперини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА