Откако го наследи Томас Тухел на клупата на Баерн Минхен, Винсент Компани почна да го составува тимот за следнат сезона. Белгиецот веќе бара засилувања за екипата да ја врати шампионската титула, оваа година преземена од Баер Леверкузен.
Германските медиуми пренесуваат дека Компани како прво засилување го детектирал украинскиот репрезентативец Александр Зинченко од Арсенал.
„Мораме да го донесеме што поскоро“, ги пренесуваат некои портали во Германија наводните зборови со кои Компани побарал од управата на клубот да го купи фудбалерот од Лондон.
Во Зинченко, Баерн бара замена за Алфонсо Дејвис, кој е пред трансфер во Реал Мадрид. Компани добро го познава Украинецот, со оглед дека беа соиграчи во Манчестер Сити, пред да почне тренерска кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА