Проблем за Анчелоти: Првиот голман „легна болен“ пред финалето во ЛШ

Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин има грип и би можел да го пропушти финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Лунин бранеше поголем дел од сезоната и му помогна на тимот да го освои шампионатот во Шпанија и да стигне до финалето на Лигата на шампионите. Тој на голот го замени Тибо Куртоа, кој неодамна се врати на теренот по речиси девет месеци пауза поради повреда на коленото.

Украинскиот голман на социјалните мрежи изјави дека има грип и нема да може да се подготви за финалето.

„ Тажен сум што можам да кажам дека нема да можам да се подготвам за најважниот натпревар во сезоната и најважниот натпревар во мојот живот со мојот тим. Ви благодарам на сите за вашите пораки за поддршка и охрабрување “, рече тој.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти во понеделникот изјави дека Лунин има треска и не може да тренира. Голманот остана во Мадрид, а тимот денеска отпатува за Лондон.

Се вчитува...