Ига Швијонтек ја продолжи својата импресивна серија настапи на Ролан Гарос, славејќи над Бузкова со 2-0 во сетови за пласман во осминафиналето од францускиот гранслем турнир. За најдобрата светска тенисерка ова беше вкупно 17. победа во низа на терените во Париз, продолжувајќи ја својата доминација на Ролан Гарос.
Ако на претходниот меч со Наоми Осака се соочи со сериозни проблеми, Швијонтек немаше такви главоболки денеска против Бузкова. Полската тенисерка одлично отвореи, поведе со 5-2 и потоа го доби првиот сет со 6-4. Во вториот сет првата носителка набрзина поведе со 4-0, на крајот славејќи со конечни 6-2.
Коко Гауф со 2-0 во сетови славеше над Јастремска од Украина, а со ист резултат пласман во осминафиналето обезбеди и Вондрусова, славејќи со 6-1, 6-3 над Паке.
На машкиот дел од турнирот, вториот носител Јаник Синер без многу проблеми се пласираше во следната рунда славејќи со 3-0 над Русинот Котов. По еден брејк во трите сета беше доволен за Италијанецот да слави со идентични 6-4, 6-4, 6-4 и уште еден чекор напред кон врвот на АТП-листата, за што доволен ќе му биде и пласман во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА