Северина ги посети репрезентативците пред заминувањето за Хрватска: Нека биде реми во Ријека… (ФОТО)

Хрватската музичка ѕвезда Северина денеска ги посети македонските репрезентативци пред заминувањето за Ријека каде на 3. јуни ги очекува пријателскиот натпревар со Хрватска.

Северина им посака среќа на македонските фудбалери на дуелот во Ријека, а од Александар Трајковски, кој игра за сплитски Хајдук, токму родниот град на Северина, доби и подарок македонски дрес со нејзиното име.

Хрватската ѕвезда не криеше дека го следи фудбалот, а со нетрпение го очекува ЕВРО 2024 каде од срце ќе навива за својата Хрватска. Но, за дуелот во Ријека меѓу „коцкестите“ и Македонија низ смеа посака – нека биде без победник…

 

Се вчитува...