Последниот тренинг на Арената, па лет за Ријека (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските репрезентативци денеска го одработија и последниот тренинг во Скопје пред заминувањето за Ријека каде во понеделник (3. јуни) ги очекува пријателскиот натпревар со Хрватска.

Селекторот Боби Милевски одработи тактички тренинг на националната арена „Тодор Проески“ склопувајќи ги постепено коцкитеза дуелот со една од најдобрите светски селекции.

Јасно е дека во составот и тоа како ќе недостасува капитенот Енис Барди, кој отсуствува од овој собир поради повреда, но сите репрезентативци едногласно потенцираат дека се подготвени да го дадат максимумот против Хрватите.

„Не треба некој посебен мотив кога играте против репрезентација како Хрватска со сите тие ѕвезди во тимот“ – потенцираат едногласно македонските репрезентативци.

 

Се вчитува...