Деветнаесетгодишната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Коби Маино фантастично ја искористи шансата која ја доби од страна на тренерот Ерик тен Хаг наметнувајќи се како стандарден првотимец во англискиот премиерлигаш со што доби и повик за настап за англиската репрезентација на престојното европско првенство кое ќе се одржи во Германија.
Добрата сезона на Маино во која постигна вкупно пет гола од кои и победоносниот за трофејот во ФА Купот се очекува да му донесе и четири пати поголем договор со „црвените ѓаволи“. Преговорите беа во тек и пред самиот крај на сезоната, а и покрај тоа што се одвиваа во добар ред, Маино одбил да стави потпис за нова повеќегодишна соработка, пренесуваат англиските медиуми.
Причина за тоа е настапот на собирот на најдобрите европски фудбалски репрезентации каде 19-годишникот смета дека ќе успее да се покаже во уште подобро светло за побогат договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА