Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казање се пред пораз во финалната серија во ВТБ лигата откако ЦСКА Москва поведе и со 3-0. „Армејците“ по двете победи на гостински терен вечерва славеа и дома со 80-72.
Aктуелниот шампион подобро го отвори натпреварот и по десет минути игра имаше предност од 13-17. Домаќините заиграа за нијанса подобро во вториот период па на пауза имаа минимална позитива од 33-32.
Во вториот дел „армејците“ одиграа фуриозно во последниот период па на крајот стигнаа до триумф полесен од очекуваното со 80-72. Ненад Димитријевиќ повторно залудно со 19 поени, пет скока и три асистенции беше најдобар поединец кај поразените, додека кај победникот Мело Тримбл постигна 26 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА