Мечот Шкотска – Израел беше прекинат поради поддршка за Палестина

Во прекин бешe дуелот од третото коло од квалификациите за Европското првенство за жени во кое Шкотска на „Хемпден Парк“ го пречекува Израел.  Пред стадионот се собраа голем број луѓе кои носеа палестински знамиња, но тоа не претставуваше проблем за самиот почеток на дуелот.

Сепак, натпреварот беше во прекин бидејќи помлад човек успеа да влезе на теренот и да се прицврсти на стативата со синџир и катанец околу вратот.

Тој носи црна маица на која пишува „Црвен картон за Израел“.

 

Се вчитува...