Хаос во Софија: Навивачите кршеа се пред себе, најлошо помина еден камерман

Натпреварот меѓу ЦСКА Софија и ЦСКА 1948, кој исто така потекнува од главниот град на Бугарија, беше прекинат во 87. минута поради упад на навивачите на теренот.

Хулиганите потоа почнаa да кршат се пред себе, настрада и еден камерман и неговиот статив кој целосно беше искршен. Полицијата брзо реагираше и фрли солзавец, кој го проголтаа и дел од навивачите кои не учествуваа во инцидентите.

Натпреварот на крајот продолжи и заврши со победа на ЦСКА 1948 со 2-0.

Видеото од инцидентот можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...