Нова лекција од Реал Мадрид за Барселона

Кошаркарите на Реал Мадрид поведоа со 2-0 во полуфиналната серија во шпанскиот шампионат откако вечерва на домашен терен повторно славеа против својот најголем ривал Барселона, овојпат со 104-98.

Првиот период помина во израмнета игра на двете страни во која за нијанса подобри беа гостите кои по десет минути игра имаа предност од 22-24. Домаќините во втората четвртина заиграа за нијанса подобро па веќе на полувреме имаа позитива од 44-40.

Клучна во мечот беше третата четвртина која „кралевите“ ја добија со седум поени, па по 30 минути игра имаа двоцифрена предност 73-62. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 104-98. Џанан Муса со 18 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените недоволен беше 21 поен на Јан Весели.

Се вчитува...