Aгим Ибраими е нов спортски директор на ФК Тирана

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Агим Ибраими е новиот спортски директор на албанскиот прволигаш Тирана. Клубот од главниот град на Албанија му ја довери важната улога на поранешниот фудбалер на Шкендија, Марибор, Домжале, Кукс и Динамо.

„Фудбалскиот клуб Тирана соопштува дека Агим Ибраими е назначен за спортски директор на сино-белиот клуб! Клупските челници постигнаа договор со Ибраими со потпишување на договорот за соработка за долгорочен проект. Извонредното искуство како фудбалер во Словенија, Италија, Албанија и пошироко, го натера клубот да го избере Ибраими и да му ја довери оваа важна улога“, соопштија од КФ Тирана.

 

Се вчитува...