Освојувач на злато во борење во Токио потпиша договор со НФЛ тим

Американскиот борач и освојувач на златен медал од Токио, Гејбл Стивенсон потпишува со НФЛ тимот на Бафало Билс. Тоа ќе биде еден од најинтересните трансфери пред новата сезона бидејќи се работи за преминување од еден спорт во друг, а се работи за еден од најпознатите борачи во светот.

Дали борењето и олимпиското злато не се доволни за Гејбл Стивенсон или едноставно сфатил дека може да го искористи своето тело за својата најголема љубов – НФЛ, не е многу важно. Гејбл Стивенсон направи еден тон насловни страници овој петок кога одлучи да ја направи оваа промена.

Гејбл е еден од најдоминантните борачи во историјата на НЦАА, а во Токио го освои златото во конкуренција на 125 килограми слободен стил, а беше и јуниорски и кадетски светски шампион. Сега на 24-годишна возраст, тој ја остава настрана својата боречка кариера и потпишува со Бафало Билс во неговата потрага по слава во НФЛ лигата.

Се вчитува...