Пред Един Терзиќ е тешка задача да го победи Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.
Човекот кој со години беше втор човек во клубовите каде работеше, конечно ги доби своите пет минути.
„Не се игра во финале, туку во финале се победува – и тоа е нашата јасна цел. Среќни сме што сме тука, но мора да победиме на „Вембли“ против Реал Мадрид за да го задржиме тој трофеј во наши раце. Јасно е дека тие се фаворити, но не ни е грижа. Не бевме фаворити против Атлетико или против ПСЖ. Се зависи од нас. Ако бидеме храбри, ако покажеме дека не сакаме да го видиме Реал како го крева трофејот, ако им дадеме вистински отпор, ќе имаме шанса. Ако игравме 10 пати против Реал, тешко ќе излеземе како победници. Да игравме триесет или четириесет пати, тоа ќе беше невозможно. Но, кога ќе го сведете на еден натпревар се е можно“, изјави Терзиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА