Бил Беличек доби орден од претседателот на Хрватска

Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ го одликуваше Вилијам Стивен Беличик, тренерот со најмногу трофеи во историјата на американскиот фудбал, со Орден „Даница Хрватска “со ликот на Фрањо Бучар, соопшти во петокот Кабинетот на претседателот. .

„Беличик беше одликуван за неговите особени заслуги во промовирањето на угледот и интересите на Република Хрватска во Соединетите Американски Држави во текот на неговата долгогодишна исклучителна спортска кариера“, стои во официјалното соопштение.

Бил Беличик, Американец со хрватски корени, во својата долга и исклучително богата кариера беше тренер во неколку клубови од професионалната американска национална фудбалска лига (НФЛ), а најголемиот успех го постигна со Њу Ингланд Патриотс. Под негово водство, Патриотс победија шест пати во Супер Боул.

Беличик во текот на кариерата често гордо го истакнувал своето хрватско потекло, односно корените на неговото семејство, кое заминало во Америка од Драганиќ кај Карловац.

Прославениот тренер допатува во Хрватска како специјален гостин на третото издание на спортскиот медиумски фестивал „Сансет“ што ќе се одржи во Задар од 6. до 8. јуни, а чија делегација беше примена од претседателот Милановиќ во неговиот кабинет во Пантовчак.

 

Се вчитува...