Реал Мадрид и Борусија Дортмунд вечерва од 21 часот ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ изјави дека шансите на неговиот Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите се подеднакви.
„Сите не сметаат за голем фаворит, но ние не мислиме така. Шансите се 50-50. Играме против тим кој имаше одлична сезона во Лигата на шампионите. Ја почитуваме многу Борусија Дортмунд“, изјави 38-годишниот Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА