Француски тенисер за иста глупост како Ѓоковиќ доби само парична казна

Францускиот тенисер Теранс Атман е казнет со 25.000 долари, откако при поразот во првото коло на Ролан Гарос во Париз несакајќи со топката удри гледач на трибините.

Атман е казнет со речиси една третина од сумата што ја заработи на Ролан Гарос, откако силно ја удри топката од лутина, откако загуби поен во четвртиот сет од неговиот меч против Себастијан Офнер од Австрија.

Натпреварот беше прекинат 15 минути при резултат 4-1 во четвртиот сет, додека судијата и официјалните лица на турнирот разговараа со жената која беше погодена од топката и одлучија дали да го казнат францускиот тенисер. Доби опомена за неспортско однесување.

Играч кој ќе го заврши турнирот на Ролан Гарос во првото коло добива околу 80.000 долари, а казната на Атман е најголемата од десетте казни што ги добија играчите. Тој во вторникот се извини на социјалните мрежи и рече дека немал намера да го удри гледачот.

Офнер рече дека Атман требало веднаш да биде дисквалификуван од турнирот. Судијата на турнирот Реми Аземар изјави „Л’екип“ дека Атман не бил дисквалификуван бидејќи гледачот рекол дека е добро по ударот.

Се вчитува...