Ракометарите на Е. Пелистер вечерва на домашен терен ќе го пречека Алкалоид во последното коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија. Битолчани со победа на овој меч ќе успеат да ја одбранат титулата во домашниот шампионат.
„Зелено-белите“ имаат причина повеќе за победа на овој дуел, бидејќи тоа би било своевидна одмазда за поразот во финалето од Купот на Македонија по изведување на пенали од денешниот противник.
Од друга страна Вардар на домашен терен го пречекува Бутел и ќе го прати резултатот од мечот во Битола. Само доколку Алкалоид успее да го изненади Пелистер, а Вардар слави против Бутел на домашен терен „црвено-црните“ ќе бидат нов шампион на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА