Лаутаро Мартинез ќе остане верен на Интер до 2029 година

Новокрунисаниот шампион на Италија Интер конечно успеа да се договори со првата ѕвезда на тимот Лаутаро Мартинез за нов договор.

Иако двете страни постојано изразуваа желба за продолжување на соработката, преговорите беа многу тешки. На крајот Аргентинецот ја прифати конечната понуда од „нероаѕурите“.

Голгетерот ќе потпише договор до 2029. Според него годишно ќе заработува девет милиони евра со бонуси кои би можеле да одат и до два милиони, додека се смета дека милион и пол евра се лесно достижни.

Мартинез е во Интер од 2018 година и за тоа време постигна 129 гола на 289 натпревари во сите натпреварувања.

Се вчитува...