Бохум се раздели со десет фудбалери

Фудбалскиот клуб Бохум соопшти дека ја прекинал соработката со дури десет играчи, меѓу кои и неколку носители на тимот од изминатата сезона. На неверојатен начин Бохум се спаси од испаѓање во „Цвајти“ по победата од 3-0 над Фортуна во Дизелдорф со која анулираше идентичен пораз на домашен терен, а потоа на пенали го спаси статусот во елитата.

Во деновите кои следеа по оваа фудбалска драма, поголема група играчи го напуштија клубот. Први тоа го направија Патрик Остерхаг (Фрајбург), Андреас Лут (крај на кариерата) и Данило Соарес (Нирнберг), а во петокот Бохум ја информираше јавноста дека летово заминуваат уште седум играчи.

Меѓу нив се лидерот на тимот Кевин Штегер кому му истече договорот, потоа Јапонецот Такума Асано кој си заминува по 90 одиграни натпревари за клубот и 14 гола. Бохум го напуштија и Кевен Шлотербек и Гонзало Пасиенца, додека од следната сезона дел од стручниот штаб ќе биде резервниот голман Михаел Есер.

Филип Форстер и Мориц Ромлинг се исто така играчи кои го напуштија клубот на крајот од оваа сезона.

Се вчитува...