Нова ера на „Енфилд“: Арне Слот официјално нов тренер на Ливерпул

Арне Слот се појави на новоте работно место, на „Енфилд“. Ова официјално го означува почетокот на новата ера во Ливерпул.

По речиси девет години под водство на Јирген Клоп, „црвените“ започнуваат ново поглавје со Арне Слот на клупата.

Арне Слот пристигна на првиот ден од својата нова работа. И сигурно е дека има многу работа, бидејќи се очекуваат сериозни промени.

Со Јирген Клоп, Ливерпул го прекина 30-годишниот пост во домашното првенство, а покрај Премиерлигата ги освои и Лигата на шампионите, ФА Купот, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и два Лига купа.

Се вчитува...