Пари Сен Жермен направи потег за еден од најдобрите играчи на Наполи, Квича Квараскелија откако излегоа информации дека Грузиецот сака да премине во Париз. Антонио Конте е буквално на прагот на потпис со Наполи, но тој нема да има розова ситуација.
Долгогодишниот капитен Џовани ди Лоренцо најави заминување, а Квича Квараскелија сака да тргне по истиот пат. Пари Сен Жермен испрати официјална понуда до Наполи. Наводно, изнесува 60 милиони евра, што е премалку за Наполи. Поранешниот шампион на Италија сака најмалку 100 милиони евра, па се очекуваат преговори.
На желбата на играчот да замине влијаеле финансиските барања (тој сака повеќе од четирите милиони годишно што ги нуди Наполи), како и конкурентните. Затоа што Наполи следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.
Сезонава грузискиот фудбалер, кој ќе ја води репрезентацијата на ЕВРО во Германија, имаше учинок од 11 гола и девет асистенции на 45 натпревари. Далеку под минатосезонскиот учинок од 14 гола и 17 асистенции на 43 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА