Сабаленка и Рибакина лесно до осминафинале на Ролан Гарос

Дождот повторно прави проблеми на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос, па во моментов се играат мечеви само на централните два терени кои што се покриени со кров.

Елина Рибакина и Арина Сабаленка без проблеми го продолжија својот пат кон меѓусебен дуел во полуфиналето. Рибакина беше сигурна со максимални 2-0 по сетови 6-4 и 6-2 против белгиската Елис Мертенс. Во осминафиналето Рибакина ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Украинката Свитолина и Романката Богдан.

Сабаленка исто така славеше со максимални 2-0 (7-5 и 6-1) против својата добра пријателка Шпанката, Паула Бадоса. Во осминафиналето Сабаленка ќе игра против подобрата од американското дерби Кис-Наваро.

Се вчитува...