Ѓер е прв финалист на Ф4 во ЛШ

Ракометарките на Ѓер се првите финалисти на Ф4 турнирот во женската Лига на шампиони кој се игра во „Ласло Пап“ арената во Будимпешта, откако денеска во првото полуфинале славеа над дански Ејсбјерг со 23-24.

Стартот на натпреварот ни донесе една тврда игра со многу грешки на двете страни, па некаде по 15 минути игра резултатот беше 6-6. Во вториот дел од првото полувреме Унгарките заиграа далеку подобро па на пауза имаа позитива од 9-13.

Во второто полувреме Данките успеаја во 52. минута да стигнат на само минус еден 20-21 и да го одведат мечот во неизвесна завршница. Таму, Ѓер некако успеа да одолее на нападите на Ејсбјерг и на крај да стигне до конечен триумф од 23-24. Естел Нзе Минко со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Нора Мерк заврши исто така со шест гола.

Во второто полуфинале со почеток во 18 часот ќе играат францускиот Мец и германскиот Битингем.

Се вчитува...