Ракометарите на Прилеп славеа на домашен терен против Е. Пелистер 2 со 31-24 во натпреварот кој директно одлучуваше за сигурен опстанок во Суперлигата на Македонија.
Со овој триумф прилепчани обезбедија сигурен опстанок во домашниот шампионат откако плеј-аут фазата ќе ја завршат како првопласирани на екипата. Христи Бикоски со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Мирче Калајџиовски постигна шест гола.
Пелистер 2 ќе мора преку бараж да избори опстанок во елитата, откако МРК Куманово ја оправда фаворитската улога на гостински терен кај Мулти Есенс славејќи со 27-29. Наум Костов заврши со седум гола кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Михаил Иваноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА