Финалната серија во кошаркарскиот шампионат на Србија, меѓу Партизан и Црвена Звезда, започнува на 3. јуни, за титулата потребни се две победи, а Партизан остана без Бразилецот Бруно Кабокло, кој го напушти клубот, во пресрет на борбата за последниот трофеј на сезоната.
Сето ова го потврдија од Партизан, а соопштението ви го пренесуваме во целост:
„Центарот на Партизан Бруно Кабокло, вчера грубо ја прекрши клупската дисциплина и доброволно го напушти тимот пред финалето на српската Суперлига. Кошаркарот отпатува во Орландо без дозвола на клубот и без никакво известување, наводно поради обврски со репрезентацијата на Бразил. КК Партизан никогаш во својата историја нема сретнато такви потези на играчи и ќе ги преземе сите законски чекори за да ги заштити своите интереси на најдобар можен начин. Со доброволното напуштање на тимот, Бруно Кабокло направи преседан и на тој начин ги остави соиграчите без помош во финалето. Против играчот веднаш беше покрената дисциплинска постапка. За да се избегнат какви било шпекулации во јавноста, КК Партизан потврдува дека финансиските обврски кон Бруно Кабокло се навремено подмирени и дека парите не можат да бидат причина за неговото доброволно заминување. Во овој момент клубот има опција во договорот да го задржи играчот и за следната сезона, а одлуката за понатамошни потези ќе биде донесена во наредните денови“, се вели во соопштението на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА