Фудбалската репрезентација на Македонија во одлична атмосфера го одработи првиот тренинг во Ријека каде во понеделник ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Хрватска.
На овој собир, селекторот Боби Милевски нема да може да смета на капитенот Енис Барди кој поради повреда ќе го пропушти овој прозорец. Покрај со Хрватска, нашите фудбалери во јунскиот прозорец ќе одиграат и контролен дуел со Чешка на 10. јуни во Храдец Кралове.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА